Британската влада соопшти синоќа дека ќе одвои две милијарди фунти за 26 министерства за да подготват „почва“ за евентуално излегување на Обединетото кралство од Европската унија без договор.

– Ја засилуваме подготовката во случај да нема договор, изјави министерот за финансии, Филип Хамонд.

Министерството за внатрешни работи и царинската служба ќе добијат по 480 односно 375 милиони фунти за да вработат во „сотици“ во граничната полиција и 3.000 во царината.

Хамонд додаде дека од 2016 година тоа министерство одвоило вкупно над 4,2 милијарди фунти за подготовка на брегзит