Официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле местото Високопилија во херсонската област.
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм објави фотографија од подигнувањето на украинското знаме во Восокопилија.
Инаку, извештаи за ослободување на тоа населено место во северниот дел на регионот на Херсон беа објавени и во текот на јуни.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на воен состанок изјавил дека украинските знамиња се повеќе се враќаат таму каде што припаѓаат.
– И нема место за окупатори во нашата земја, ја објавува Кабинетот изјавата на претседателот, без притоа да се дадат детали.
Медиумите во Киев уште јавуваат дека украинските воени единици во текот на вчерашниот ден го ослободиле и местото Озерне во Доњецк. Информацијата не е потврдена од независни извори.
Украинската армија на крајот на минатиот месец покрена офанзива за ослободување на регионот Херсон што руските сили го зазедоа набргу по почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Руското Министерство за одбрана ги негира наводните успеси на украинската армија.