Северна Кореја вчера одбележа 79 години од формирањето на Корејската работничка партија со концерти и банкети, а лидерот Ким Џонг-ун упати апел за преквалификација на сите работници во револуционери.
Вчерашното празнување на годишнината на Корејската работничка партија беше скромно во споредба со претходните години кога се одржуваа големи воени паради и посети на високи кинески функционери.
Ким ја пофали Корејската работничка партија како најдолго владејачка партија во светот, која ги надминала невидените тешкотии за целата своја енергија да ја посвети за изградба на моќна нација, која ги спречи заканите од надворешните сили.
Во пораката објавена во весникот „Родон сунмун“ Ким истакнува дека Северна Кореја се соочува со предизвици, но оти Корејската работничка партија ќе биде водечка во постигнувањето на револуционерната комунистичка победа.
– Работниците мора да се обучуваат идеолошки и да негуваат партиска дисциплина во пеколот на критики и борба. Успехот на работата за прераснување на работниците во вистински комунистички револуционери, кои се придржуваат до основачката идеологија и дух во голема мера зависи од улогата на партиската организација, посочи Ким.
Ким на банкетот пристигна со неговата ќерка, Ким Ју-ае. На одбележувањето присуствуваше и амбасадорот на Русија во Пјонгјанг, Александар Мацегора. Додека државните медиуми не јавија за присуство на прославата на претставници од Кина.