Најмалку девет лица останале затрупани во града која денеска се урнала во финансискиот центар на Шангај.
Спасувачката служба соопшти дека зградата во дистриктот Чангнинг во моментот кога се урнала била во фаза на реновирање, со цел во неа да се отвори салон за продажба на автомобили.
Од 20 луѓе, 11 се извлечени од под урнатините, но се уште нема детали за нивната здравствена состојба.