Повеќе од 2.100 лица се евакуирани по земјотресот во Тибет, Југозападна Кина, со јачина од 5,8 во реонот, јави Синхуа.
Локалните власти за сите засегнати обезбедија шатори, ќебиња, топла облека и лекови. Нема штета на транспортната и комуникациската инфраструктура на регионот.
Земјотресот е регистриран во 03:32 часот, по локално време, во близина на градот Сигатце. Потресот е регистриран на длабочина од осум километри.
Засега нема податоци за жртви.