Кинескиот фудбалски клуб Гвангжу го именува стадионот на својата младинска екипа во чест на поранешниот голман на Холандија, Едвин ван дер Сар.

– Прв ден во Кина. За мене е голема чест што има стадион со моето име. Се надевам дека ги инспирира играчите тука да работат напорно и можеби да станат следна фудбалска ѕвезда од Кина, напиша Ван дер Сар на својот Твитер профил.