Кина денеска официјално ја основа компанијата за бродоградба Кина Шипбилдинг Груп (China Shipbuilding Group), која беше прогласена за најголема во светот од државната телевизија.
Основањето на компанијата се базира на обединување две водечки кинески бродоградилишта, China State Shipbuilding Corp. и China Shipbuilding Industry Co.
Компанијата опфаќа 147 истражувачки институти, деловни оддели и компании чии акции котираат на берзата. Располага со имот од вкупна вредност од 790 милијарди јуани (112 милијарди долари) и вработува 310.000 работници, наведува телевизијата ЦЦТВ.
Активностите на групата вклучуваат изградба на бродови за различна намена, од специјализирани бродови за вадење нафта и гас до носачи на авиони.
Главните кинески конкуренти во бродоградба се Јужна Кореја и Јапонија.