Вкупното ниво на кинески директни инвестиции во Африка до крајот на 2020 година надминаа 43 милијарди долари, се наведува во Белата книга со наслов „Кина и Африка во новата ера: рамноправно партнерство“, објавена од прес-службата на Државниот совет на Кина.
Според Белата книга, Кина основала повеќе од 3.500 компании на црниот континент, а најголемиот дел од инвестициите се направени од приватни претприемачи.
Како што е наведено во документот, кинеските компании создадоа милиони работни места во Африка, при што повеќе од 80 отсто од нивниот персонал е локален.
Една од приоритетните области за кинеските инвеститори е земјоделството. До крајот на 2020 година повеќе од 200 кинески компании инвестираа вкупно околу 1,11 милијарди долари во земјоделскиот сектор на 35 африкански земји. Според Белата книга, Кина во моментов има право да увезе околу 350 видови земјоделски производи од Африка, што придонесува за растечката билатерална трговија.