Кина ја добива биката со ЕУ и САД за Африка, тоа го постигна за само една деценија колку што трае кинеското учество на тој континент. Резултатите се веќе видливи-илјадници километри нови пруги и десетици пристаништа, аеродроми и енергани, сето тоа изградено со инвестициите од Пекинг.

Кина го помага растот на Африка со потенцијал да стане „глобалнна производствена сила“, се наведува во книгата на Ирене Јуан Сун „Новата светска фабрика“.

Според истражувањето на Советот за меѓународни прашања на Русија, пак, Кина станала главен трговски партнер на Африка од 2009 година. Иако во 2000. вкупната размена меѓу Кина и Африка изнесуваше само 10 милијарди долари, во 2014 година цифрата скокна на 220 милијарди. Во 2017 г. Кина застана на врвот со кредити за африканските земји кои отидоа преку 110 милијарди долари. Најголеми партнери на Кина се Египет, Нигерија, Камерун, Алжир, Јужна Африка, Етиопија Замбија, Ангола, Мароко, Чад, се наведува во студијата.

Познавачи ја истакнуваат улогата на Кинеско-африканскиот фонд за развој основан и финансиран од Кинеската банка за развој, кој стана оперативен во 2007 година. За десет години Фондот инвестирал 3,2 милијарди долари во 91 проект во 36 африкански држави. Според податоци од 2017 година, африканските земји со пари од Фондот годишно произвеле 11.000 камиони, 300.000 климатизери, 540.000 фрижидери, 390.000 телевизори и 1,6 милиони тони цемент.

Цифрите кажуваат многу за брзиот развој на Африка, помогнат со кинески пари и филозофија на економски напредок. Во последната декада Народна Република Кина зеде учество во изградбата на повеќе од 100 индустриски зони, од кои 40 проценти се веќе во функција, потоа се изградија пруги во должина од 5.756 километри, и автопатишта, девет пристаништа, 14 аеродроми, 34 електрани, како и десет големи хидроцентрали и 1.000 мали.

А изградбата на железница се смета за пресврт во политичките процеси зашто се смета дека тој проект може да помогне во интергацијата на целиот регион. Ова посебно се истакнува зашто сите сметаат дека е ризично да се инвестира во таков проект во Африка, освен Кинезите, кои поинаку размислуваат за ризиците, наведува за Спутник, Николај Шчербаков, од Центарот за африкански студии во Руската академија на науките. Тој искажа многу силни зборови:„За Африка тоа е како подарок од небото“.

И ова е тотално спротивно на западната филозофија кон Африка која беше базирана и се уште е на колонијалната стратегија.