Секретарката за внатрешни работи на Хонг Конг Каспар Цуи денеска поднесе оставка како одговор на критиките на јавноста откако се дозна дека присуствувала на роденденска забава во јануари, по што две лица биле позитивни на коронавирус од 200 присутни.
-Донесов погрешна одлука да присуствувам на прослава на 3 јануари и се однесував на несоодветен начин кога сите напори требаше да бидат посветени на контрола на ширењето на вирусот, изјави Каспар Цуи во писмената изјава.
Таа додава дек ќе преземе одговорност за нејзините постапки и затоа одлучила да поднесе оставка од функцијата секретар за внатрешни работи, јави ДПА.
Прославата, на која присуствуваа и полицискиот началник Рејмонд Сиу и шефот на Одделот за имиграција Ау Ка-ванг, предизвика жестоки критики кај жителите на Хонг Конг, кои укажаа на двојните стандарди кои важат за политичарите и за населението. Непосредно пред тоа, здравствените власти на специјалниот административен регион сè уште го советуваа населението да избегнува големи собири.