Кинеските компании ја обновија работата на повеќе од 89 отсто од клучните инфраструктурни објекти што беа затворени за време на борбата против коронавирусот во земјата.

– Ситуацијата во земјата се уште продолжува да се нормализира и се враќа нормалниот начин на живот, меѓутоа, во различни региони заздравувањето се одвива со побавно темпо, изјави началникот на инвестицискиот оддел при Државниот комитет за развој и реформи на Кина Оу Хонг.

– Во врска со епидемијата на коронавирус, по завршувањето на лунарните новогодишни прослави (од 24 јануари до 2 февруари), се појавија потешкотии при обновата на работниот процес во големите инфраструктурни објекти, рече тој на прес-конференција. – Благодарение на усогласените напори, ситуацијата постепено се подобрува. Ако ја исклучиме провинцијата Хубеи настрана, во различни региони на Кина има околу 11.000 вакви инфраструктурни проекти кои беа стопирани поради епидемијата. Од 20 март во 89 отсто од нив работните процеси продолжија, потенцира Оу Хонг.