Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Хонг Конг по повод 25-годишнината од враќањето на градот под власта на Пекинг, јави Синхуа.
На 1 јули Си ќе присуствува и на церемонијата на инаугурација на новата администрација на Хонг Конг.
Тоа ќе биде прва посета на шефот на кинеската држава надвор од територијата на континентална Кина од почетокот на пандемијата со Ковид-19.