Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во историска дводневна посета на Северна Кореја, прва посета на кинески лидер во изминатите 14 години.
Во Пјонгјанг, Си ќе има средба со лидерот Ким Џонг Ун во обид да се засилат билатералните односи. Кинески медиуми јавија дека е можно за време на дводневната посета Си да разговара со Ким за обнова на преговорите за корејската нуклеарна програма со Вашингтон. Можно е и објавување нови мерки за поддршка на економијата на Северна Кореја.
Моментот на посетата е особено деликатен – и двете држави водат спор со САД. Кина заради трговијата, а Северна Кореја заради нуклеарната и ракетна програма. Во следната недела се очекува Си да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Г-20 во Јапонија.
Во статија во севернокорејскиот весник Нодом шинмун, Си нагласува дека кинеско-севернокорејското пријателство е „незаменливо, дури и за милиони“.