Бројот на електрични автомобили на патиштата низ светот е повеќе од три милиони во 2017 година, што е зголемување за 54 проценти во споредба со 2016 година, се наведува во Глобалниот извештај за електрични автомобили на Межународната агенција за енергија (ИАЕ).

Во извештајот на ИАЕ се наведува дека повеќе од еден милион елекромобили се продадени во 2017 година и дека повеќе од половината од нив се продадени во Кина.

„Вкупниот број електромобили на патиштата во светот премина три милиони, што претставува пораст за повеќе од 50 отсто во однос на претходната година“, се наведува во извештајот.

Кина останува најголем пазар за електромобили во светот со 1,23 милиони електрични автомобили на тамошните патишта. Зад Кина се Европа и САД, со околу 820 илјади, односно 760 илјади електромобили, јави „Спутник“.

Земјите од северна Европа остануваат лидери кога е во прашање уделот на пазарот. Во Норвешка продажбата на електромобили чини 39 проценти од вкупната продажба на автомобили, додека во Шведска и Исланд знесува 12, односно 6 проценти од вкупната продажба на автомобили.