Од Пекинг стигна првата реакција на тврдењата дека кинески разузнавачки балон е забележан над Соединетите Американски Држави. Во соопштението се наведува дека станува збор за „цивилен балон“ кој скршнал од планираната рута.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека балонот „се користи главно за метеоролошки цели“.

Пекинг истакна дека „жали за ненамерното влегување“ на балонот во воздушниот простор на САД.

Пентагон објави дека кинески балон за разузнавање со денови лета над САД, а особено се задржал над Монтана, каде што се наоѓа воздухопловната база Малмстром со силоси за американските балистички нуклеарни проектили „минутмен 3“.

Американското министерство за одбрана соопшти и дека високи функционери ја советувале Белата куќа да не го урива од страв дека остатоците може да бидат безбедносна закана.