Кинески генерал денеска застана во одбрана на разместувањето во Јужното Кинеско Море и притоа ги окарактеризира како „неодговорни“ коментарите и вмешувањето во внатрешни прашања од страна на американскиот секретар на одбраната, Џејмс Матис, кој го обвини Пекинг за застрашување на соседите.

„Секој неодговорен коментар од друга земја не е прифатлив“, изјави генерал-полковник Хе Ли за време на Дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, откако Матис вети дека „жестоко“ ќе му се спротистави на растечкото влијание на Пекинг во спорните води во Јужно Кинеско Море.

„Гледаме и која друга земја се обидува да се меша во нашите внатрешни прашања“, истакна генералот.

САД години наназад агитираат против Кина и нејзиното тврдење за „слобода на навигација“, односно да плови и да лета во спорните зони на Морето. За да ги поддржи своите меѓународни права на тој дел од Морето, инаку останат како историски спорен уште од завршувањето на Втората светска војна, Пекинг изгради неколку вештачки острови и размести воена структура на два острова.

Генералот повтори дека тие острови се дел од територијата на Кина и истакна дека Кина има историски доказ дека тоа е нејзина територија.

„Без дилеми…таму имаме стационирано војници, имаме разместено оружје. Тоа се симболи на кинескиот суверенитет“, рече високиот офицер, додавајќи дека оружјето е распоредено со одбранбени цели.