Американскиот пазар забележа значителен пад на инвестициите од Кина во првите пет месеци од годинава. Тоа е резултат на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии.
Кинеските инвестиции од јануари до мај годинава изнесувале 1,8 милијарди долари, што е цели 92 проценти пад во однос на истиот период лани. Тоа е најниското ниво на кинески инвестиции во последните седум години, се наведува во извештајот на Групата Родиум, истражувачка група која ги следи кинеските инвестиции.
Кинеските корпорации, кои го пумпаа кешот во САД и ги цементираа врските во подолг период, сега ги скратија инвестициите. Во 2017 година тие паднаа за 37 проценти, односно на 29,7 милијарди од 46,5 милијарди долари.
„Се поголемиот конфронтирачки однос на администрацијата на трамп кон трговските односи со Кина придонесоа тие компании да се колебаат за нивната позиција таму“, зијави Тило Хенеман, директорот на Родиум групата.
Неодамна американската администрација воведе царини од 25 проценти за кинеска стока во износ од 50 милијарди долари, а сега најави нови тарифи од 10 проценти за стоки во вредност од 200 милијарди.
Кина возврати на трговските санкции.