Да помине кинеската Нова година на 18 февруари и ќе тргнат вакцините, изјавил денеска Зоран Заев во Тетово.

Вели дека 200-те илјади вакцини од кинексата „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година.

„До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава. За вакцините од „Фајзер“ кои требаше да ги добиеме од пријателска Србија, најпрво проблем се појави бидејќи производителот не дозволуваше да се препродаваат. Потоа договоривме да ни ја дадат како донација, вредноста е некаде околу 60.000 евра, ние после ќе се раздолжевме некако, но и тоа не беше дозволено. Работиме да се реши овој проблем, вратиме кај производителот сите, јас, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ. Во прашање се денови или часови за да ја добиеме дозволата“, изјави Заев