Кинески градежници кои, според актуелната власт во Република Македонија, „ги грешат трасите на автопатите и пробивањето на тунелите“ и „го одложуваат свеченото пуштање со чочеци“, изведуваат грандиозни зафати во регионот на бивша Југославија.

Владата на Црна Гора објави спектакуларни снимки од воздух, на кои се гледа мостот Морачица и изградбата на автопатот Бар – Бољаре.

Како што е објавено, мостот Морачица со неговите пет столбови ќе биде најголем во земјите од бивша Југославија. Мостот ќе биде долг 960 метри, а широк 23,4 метри и ќе ја спојува долината на реката Морача и ќе преминува на спротивниот рид.

Највисокиот од петте столбови ќе биде висок дури 161 метар. Таков градежен потфат досега не извела ниту една фирма во регионот.

Овој проект во Црна Гора го изведува кинеската компанија „Чајна роуд енд Бриџ компани“, која исто така ќе го гради и големиот Пељешки мост во Хрватска.