Во Хрватска денеска почна протест и блокада на сообраќајницата поради високи цени на горивото.

Протестот почна кратко време по 15.30 часот, а порталот „Индекс“ објави дека демонстрантите за кратко време ги блокирале сите три ленти до кружниот тек на Загреб.

Претставникот на иницијативата СТОП Дамир Кристијан Рогин, потврди дека за брзата помош ќе се остави слободен премин, како и тоа дека само во Загреб ќе бидат блокирани седум до осум пунктови, во  Вараждин два, во Прелог еден, во Пула два, и оти се очекува возила и на автопатот Д1, кој води кон морето.

Полицијата најави дека овојпат ќе ги казнува сите оние кои ќе го блокираат сообраќајот.