Кинеската новинска агенција Синхуа претстави прв виртуелен телевизиски водител чиј глас, изрази на лицето и движења се речиси идентични како и за човек.

Тој е способен самостојно да реагира на видео снимки во директен пренос и да чита текстови како професионалец од крв и месо.

Последниот „крик“ на вештачка интелегенција Синхуа го претстави заедно со компанијата што се занимава со интернет пребарувачи Согоу/ком, на петтата светска конференција за интернет во провинцијата Џеџијанг.

Првите презентери како продукти на вештачка интелегенција ќе се појавуваат на различни канали на Синхуа, пред се на програми на англиски и локален јазик, како и на големата кинеска социјална мрежа WeChat.

Синхуа нагласи дека виртуелниот водител сега е полноправен член на нивната екипа и дека може да работи 24 часа двено без прекин, седум дена во неделата.