Џенифер Лопез објави нов видео спот, а луѓето не можат да поверуваат колку добро изгледа пејачката, иако има речиси 50 години.

Во новиот спот за песната “Te Guste” која ја снимила заедно со Bad Bunny, Џеј Ло се соблекла во жолт костим за капење, а на радост на своите бројни обожаватели, видеото е преполно со нејзини разголени сцени.

Спотот предизвика бројни позитивни реакции, а за само 24 часа бил прегледан повеќе од 6 милиони пати.

“Изгледа како да има 25 години. Каква кралица” и “Оваа жена не старее” се само дел од коментарите кои се појавија под видеото.