Мег Рајан и Џон Меленкамп се вериле, официјално потврди русокосаната актерка. Ѕвездата ги потврди среќните вести со прикажување на смешен цртеж на двајцата на Инстаграм. Еден ден пред тоа, папараци ја снимија со веренички прстен на нејзината рака во Њујорк.

Тие се заедно од 2011 година. Тие прво поминаа три години заедно, а потоа одлучија да се раделат. Близок извор до Рајан прокоментирал дека причината за раздорот во нивната врска била неможноста да се одржи врска на „растојание“. Актерката живее во Њујорк, а рокерот во Индијана, и двајцата одбиваат да се преселат.

Според близок пријател на Џон Меленкамп, сепак, вистината е друга – не му се допаѓала медиумската врева, која го следела заедничкиот живот со Мег.

За 67-годишниот музичар, ова ќе биде четвртиот брак, додека за Мег Рајан (56) тој ќе биде втор. Таа беше со Денис Квејд, од кого има син. Рајан има и посвоено девојче.
Од неговите три претходни бракови пак, Меленкамп има пет деца.