Доскорешниот генерален секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовскји порача опозицијата да не се надева дека Зоран Заев и СДСМ ќе загубат на следните парламентарни извори поради тоа што вчера Алексис Ципрас и Сириза изгубија од Нова Демократија, а Киријакос Мицотакис стана нов премиер на Грција.

– Да ликуваш дека оној кој ни го признал македонскиот идентитет, јазикот, културата, токму затоа ги изгубил изборите во Грција, во најмала рака, е политички некултурно. А да се надеваш, пак, дека тој кој ги отворил европските перспективи на нашата Македонија, сочувувајќи го нашето највредно, есенцијата на националниот идентитет (поради што неговиот колега, нели, ги загубил парламентарните избори во својата земја) ќе ги загуби следните избори е целосно контрадикторно и политички неуко… Спротивставеноста на страните при решавањето на спорот, резултира со обратна пропорционалност при исходот, коментира Кирацоски на својот профил на Фејсбук.