Александар Кирацовски:
Демант и тужба за клевета за vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk;
Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.
Сериозни медиуми ова не би си го дозволиле, а несериозните, како гореспоменатите, мора да сносат одговорност.
Наводите за споменатото возило се груба лага и клевета која лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија.
Од друга страна, фамозната “хациенда” е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија.
Ваквата зла практика на ширење на груби ЛАГИ на дрзок и безобразен начин дополнително ме мотивира, како пратеник во републичкото Собрание, да покренам сериозна иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.
Секоја информација ќе мора да се провери пред да се објави, а доколку се стори спротивното, одговорноста ќе биде повеќекратна.
Таквото законско решение е од интерес на граѓаните, затоа што тие одлучуваат и никогаш не смее да бидат доведени во заблуда од било какви “центри на моќ” чии што цели се спротивни од граѓанските.
И запомнете: 100 пати повторена лага станува вистина, но не посилна од 100 пати повторена вистина!