Додека во нашата Македонија се нижат успеси, правдата функционира и е неселективна, а токму денеска се промовираше почетокот на значајната земјоделска мерка „зелена нафта“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да даде одговор на значајни прашања од интерес на јавноста, порача преку Фејсбук доскроешниот генерален секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовски.
– Зошто од цела Европа за посета ја одбра токму Будимпешта, Унгарија, градот каде престојува Груевски во период кога се решаваат битни прашања во државата? Дали Христијан (Кики) Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф, криминалецот во бегство Никола Груевски? Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис? Отиде ли Мицкоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните? Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО, прашува Кирацовски.
Добро е да се прашува, но како актуелен политичар Кирацовски треба и да дава одговори на јавноста, за актуелните афери, како што е Рекет. Доволно јавноста ја возеа со „шлаканиците на Груевски“, „криминалот на Груевски“, затоа Кирацовски наместо многу да прашува треба да одговара за криминалот што во моментов ја потресува Македонија, а не да ишка муви од туѓи капи.