Пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во изјава за Фокус вели дека тој не се препознава во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата „Рекет“ се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.
– Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто, изјави Кирацовски.
Тој беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“.