Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, како и Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и Бојан Јовановски Боки 13 се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“, дознава ТВ 24 од извори во истрагата.

За еден од нив се бара притвор, а за останатите мерки за претпазливост. Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама.

Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е во притвор, како и Боки 13 и Зоран Кичеец кој е во домашен притвор.