Не станува збор за подрум, туку за четири ката не знам зошто манипулираат со тоа, затоа што ќе излези на виделина, истакна во своето гостување во поткастот „Проверитас“ поранешниот член и висок функционер на Левица, Весна Кираџиева.
Запрашана во однос на купениот имот од страна на партијата Левица во центарот на Скопје, за тоа дали станува збор за подрум, Кирааџиева вели дека воопшто не станува збор за подрум туку за четири спрата.
-Не знам зошто манипулираат со тоа, затоа што тоа се работи кои што ќе излезат на виделина. Може не денес, утре… И сега ти го купуваш времето да ги изманипулираш уште таа мала шака на луѓе кои што имаат доверба во тебе за да извлечеш уште малку можеби да потегнеш до локални избори, ама ќе излезе тоа на виделина. Значи не се работи за, и нивното членство барем во централниот комитет се запознаени и знаат дека се работи за четири ката, не се работи за подрум, вели Кираџиева.