Најдобриот македонски ракометар и капитен на нашата репрезентација , Кире Лазаров ќе настапува во тимот на француски Нант до 2021 година.
Лазаров доби продолжение на договорот со Нант за уште две сезони , односно до јуни 2021 година. До крајот на оваа сезона му истекуваше договорот на Кире , така што Нант реши да го задржи уште две сезони својот најдобар стрелец.
„Работата беше лесно завршена бидејќи желбата беше иста на двете страни. Кирил е еден од најдобрите играчи во светот и го покажа тоа и по неговото пристигнување во Нант. Оваа година тој има доминантна улога во резултатите на тимот. Затоа сакаме да ја продолжиме соработката. За клубот претставува големо задоволство што имаме играч од ваков калибар во нашите редови“, изјави претседателот на Нант, Гаел Пелетие.
Задоволен од продолжувањето на соработката е и Кире Лазаров кој и на 38-годишна возраст.
„Среќен сум што соработката со Нант ќе продолжи и во наредните две годиниу. Дојдов во Нант бидејќи знаев дека тоа е тим што игра со карактер. Не беше лесно кога дојдов, дојдов со големи амбиции, но не зборував француски. За една година ситуацијата се смени многу. Сега во Нант се чувствувам многу добро, ми се допаѓа клубот и ги сакам неговите навивачи. Играњето овде пред полна сала е вистинска привилегија. Јас сум лојален човек и сакам да му возвртам на клубот за довербата што ми ја даде раководството“, изјави Кире Лазаров за официјалниот сајт на клубот.