Македонија следното лето ќе биде организатор на младинско Светско првенство во ракомет, натпреварување на кое „црвено-жолтите“ на клупата како лидер ќе го имаат Кире Лазаров.
Легендата на мак-ракометот повеќе од успешно ја води националната селекција во изминатиот период, а Лазаров ќе седне и на клупата на младинската репрезентација само на овој мундијал што ќе се одржи во нашата земја.




