Јас сум роден во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин, објави денеска Атанас Кирјаков, лидер на ОМО Илинден Пирин.
Ова македонското здружение Бугарија упорно одбива да го признае и покрај многуте интервенции за тоа во ЕУ.
– Јас сум роден тука во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин. Мојата татковина е Македонија, а не Бугарија, Србија или Грција. Мојата татковина Македонија беше расцепката во 1913 година на три дела: Егејски дел, Вардарски дел и Пирински дел, објави Кирјаков на својот профил на Фејсбук.
Натаму во објавата додава:
– Мојата татковина е Македонија, еден ден ќе се обедини и ќе биде слободна и независна држава, напиша Кирјаков.
Токму едно од барањата на Бугарија од Влада на Зоран Заев е Македонија писмено да гарантира дека нема територијални претензии, како и да се откаже од македонското малцинство, во Бугарија, на кое припаѓа и Кирјаков.