Во вчерашната епизода на поткастот „Проверитас“ беше гостин Стефан Кирков, активист, голем љубител на животните и советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во поткастот покрај многуте теми, раскажа и за една непристојна понуда која ја добил од еден скопски градоначалник.

„Јас имав безобразна понуда да бидам директор на Зоолошка градина. Од еден скопски градоначалник кој е близок на градоначалничката.

Ми вели градоначалничката Данела Арсовска, е спремна вели да, од први ти станеш директор со менаџерски договор во Зоолошка градина, одма менаџерски.

На плата, вели од над седумдесет илјади денари. Викам добро. Која е цената?

Да има нешто што треба да го направиш. А, тоа е да направиш три последователни прес конференции. Првата прес-конференција, да се откажеш од својот матичен ОК од ВМРО-ДПМНЕ Карпош, со еден прес. Вели, ние ќе ти смислиме пи-ар текстче. Добро, втората велам?

Втората е да, ти си член на градски комитет, вие направивте таму резултати, не те почитуваат и таму. Ти ќе одиш, ќе направиш еден прес пред градскиот комитет и ќе се откажеш од ова, ќе ти смислиме убав пи-ар текст. И третата, вика, ќе го замрзнеш твоето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе побараш конгрес од претседателот Христијан Мицкоски, затоа што не ја води партијата како што треба.

Ова е еден скопски градоначалник, многу близок до градоначалничката. На тоа, само се насмеав, станав, и си заминав.“