Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изрази загриженост поради неодамнешните заеднички кинески и руски бомбардери над водите во близина на Јапонија, предупредувајќи дека неговата земја се соочува со најтешкото и најсложеното безбедносно опкружување во повоено време.
„Обидите за еднострано менување на статус кво ситуацијата околу нашата земја се интензивираат“, рече Кишида во говорот во јапонската воена воздухопловна база во префектурата Саитама во близина на Токио, пренесе Кјодо.
Тој додаде дека е потребно „брзо“ распоредување на ракети со долг дострел за зајакнување на одбраната.
Фото: МИА архива