Светски познатиот готвач, Џејми Оливер има пет деца и се покажа од татковците, кои се загрижени исклучително многу кога станува збор за социјалните медиуми. Дури призна пред некое време дека им забранил на своите ќерки да си прават и пуштаат селфи фотографии.
Причината: „Обично селфи фотките на 13-14-годишни девојки се два вида – педесет проценти се речиси со нормален изглед, а другите педесет проценти се испакнати усни, гради на екранот, заводливи пози. Човек почнува да се чуди дали овие деца имаат родители. Затоа на моите им е забрането да пуштаат селфи на профилите“.
Загриженоста на Џејми сепак продолжува понатаму. Контрола врз социјалните мрежи е едно нешто, но како да контролира каде одат неговите ќерки и дали не го лажат кога велат дека ќе спијат кај своите пријателки. Тој има две тинејџерки – на 16 и на 15 години.
„Користиме една апликација која следи каде се наоѓаат. Апликацијата се нарекува „Life360“ и покажува во секој момент кој каде се наоѓа и маршрутата по која одел. Инсталирани се на нашите телефони. Но како што јас можам да видам дали ме лажат каде одат, па и тие можат да видат дали возам со преголема брзина. Имаме доста забавни случки“, изјави во интервју Џејми.