И портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска е позитивна на Ковид 19, откако синоќа соопшти и министерот Оливер Спасовски дека е инфициран со вирусот.
– Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопругот. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 отсто почитување на сите мерки за заштита на здравјето, објави Кузеска на фејсбук.
Денеска беа тестирани и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски, кои се негативни на вирусот. Како што е познато, минатава недела СДСМ одржа дигитален партиски конгрес.