Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска ги посети ЈЗУ Општа болница – Струга и Здравствен дом – Струга и оствари средба со директорот Владимир Бунчески и со здравствените работници.

Тој оцени дека Општата болница во Струга има солидна хирургија — дигестивна и торакална и други оддели што секојдневно им служат на граѓаните од Струга и регионот, но оти работат во многу тешки услови.

– Се презема конкретен чекор, поранешната ковид-болница се става во функција за амбуланти. Така се ослободува простор за нови специјалистички услуги, за пациентите да добиваат повеќе прегледи тука, во својот град, соопшти Клекоски на својот фејсбук профил.

Просторот, според министерот, што со години стоел неискористен сега ќе им се врати на пациентите.