Оваа прес-конференција е посветена на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани и по повод прашањата што пристигаат на телефонската линија отворена од Владата за таа намена.
Ова го истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на прес-конференцијата во Медија центарот на Владата.
Слични прашања стигнаа до мене и до министерот за здравство при посетата на Кочаним а се однесуваат на создадена неизвестост што ќе се случува понатаму, истакана директорот Клековски.
Сакам да потврдам дека нашата посвастеност на повредените останува непроменета, како првите часови, како првите денови. Таа е силна и силна ќе остане во иднина. Сите потреби, здравствени потреби, потреби за здравствена заштита на повредените од Кочани во трагедијата ќе бидат на терет и на сметка, а подржани од државата, односно од фондот за здравствено осигурување. И ова ќе се однесува на долги стази, потенцира Клековски.
Од третман на изгореници на белодробје, адуктивни повреди, физикална терапија, нега, психо-социјална се ова ќе биде обезбедено од државата на долги стази. Во мометков ние се реструктуиравме сите овие услуги да бидат достапни во општата болница во Кочани. Почетен план беше овие услуги да се даваат во трите болници во Скопје, но по барање на повредените