Руските трупи утрово го нападнаа Северниот мост во Киев, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
„Напад на Северниот мост. Службите за итни случаи се на местото на настанот“, напиша Кличко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
Според него, на мостот се оштетени коловозот и тролејбуската мрежа, а сообраќајот преку мостот, од левиот кон десниот брег, во моментов е суспендиран.
Како што објави Укринформ, во Киев се на сила привремени ограничувања за сообраќај преку одредени мостови за време на воздушните напади.
По руските напади, Јужниот мост е целосно затворен и за патен и за метро сообраќај, без оглед на тоа дали воздушната закана е на сила.




