Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска најави „засилен полициски час“ во главниот град на Украина од 20.00 часот (по локално време) до 7 часот во среда.
Градоначалникот Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да се отворат во вторник. Делови од градот постојано се под оган од руските сили.
„Ги замолувам сите да останат дома – или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече тој.