Алдо КЛИМАН

Во својата изјава по штотуку одржаното заседание на Генералниот совет на ДУИ, портпаролот на партијата, Бујар Османи, изјави дека граѓаните во Македонија треба да бидат мирни, бидејќи лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ја одржувал безбедноста во државата, така што Османи, контекстуално, но многу јасно, алудира на божемна нестабилност на државата и нарушена безбедност, и со тоа директно имплицира дека наводно постоела и закана од немири, а пак едиствена респектабилна личност, според него, бил „генералисимусот“ на УЧК, Али Ахмети, кој како некој „татко на државата“, ќе се грижел за одржување на мирот, за нејзина стабилност и за безбедност на граѓаните. Претходно, како нарачано за истата мачна психоза на некоја новообмислена меѓуетничка напнатост, ги слушнавме и воинствените закани на едикоја си Шкодране Дардишта…

Очигледно е дека архетипското терористичко лудило на ДУИ и натаму тлее во тие луди глави. „Кај што имало оган, доволно е само жарче огнот повторно да пламне“, вели старата поговорка, сосема илустративна за суштината на пораките што на јавноста сѐ повжештено заканувачки ѝ ги испраќаат водечките лидери а, ете, гледаме и некои острвени членови на ДУИ.

Секако дека никако не треба да се потценуваат овие опасни тонови во реториката на ДУИ, од устата на нивниот портпарол Османи, кој притоа сѐ уште е и актуелен министер за наврорешни работи на Република Македонија, но јасно треба да им се порача и нему и на Али Ахмети, и на сите нивни воинствени истомисленици дека како лидери и членови на една политичка партија се само најобични рамноправни учесници во политичкиот живот во Републикава, и оти нивниот демократски „остварен“ изборен пораз не значи и аларам на сите ѕвона за меѓуетничка војна, дотолку повеќе што од другата страна на политичкиот спектар штотуку се формира ново парламентарно мнозинство во кое консензуално влегуваат и неколку политички партии со албански етнички предзнак.

За какви немири тогаш, за каква нестабилност и небезбедност говори Бујар Османи?

ДУИ, партијата и поединците што до политичкиот врв во Македонија се искачија со тероризам, насилство, закани и притисоци, а денес радикално ја изгубија довербата на својот електорат, едноставно треба да го смират својот воинствен газ, да заборават на „чизмите“ на таванот, и да ја сфатат новата политичка реалност, т.е. дека отсега натаму ќе бидат партија во опозиција, веројатно и засекогаш, и оти никој за нивните политички, директорски фотељи и лични царски бенефиции, ниту за нивните криминали, нема да води ни етнички ни граѓански војни. Тој филм заврши. На повид е една сосема поинаква македонска внатреполитичка реалност, несомнемно сложена и мошне предизвиклива, но ДУИ во никој случај веќе не е и не може да биде некаков си фактор на стабилност и сигурност во државата, а пак најмалку Али Ахмети, со своите „пајдаши“ Османи, Груби и Џафери, и македонскиот велепредавник бр. 1 Зоран Заев со својата партиска квислиншка клика, кои сите заедно, со безочни узурпации, ѝ нанесоа немерливи и непоправливи штети на младата македонска демократија, на македонскиот правно-политички систем, на државната економија, и, над сѐ, на мирниот заеднички меѓуетнички соживот во Македонија.

„Почесниот доктор“, офицерот на УЧК, Али Ахмети нека се зафати со пишување мемоари за своите терористички и „политички“ години, исполнети со воено и политичко насилство и најпримитивна квази-политичка дрскост и агресивност; можеби ќе раскаже нешто што досега не ни било познато за него и за „неговите“, и нека не ни изигрува никаков самоповикан „татко на нацијата“.

За својот дефинитивен неуспех да стане претседател на државата (Pse jo?), што широкоградо му го вети невидениот велепредавник и најмизерен квислиншки слуга, муртинскиот „нобеловец“ Зоран Заев, нека разговара со него лично, и нека си се договорат на кој начин Заев тоа ќе му го надомести. Веројатно за тоа има некаков соодветен начин во духот на метафоричните „чизми“ од таванот.