Министерката Бисера Кoстадиновска – Стојчевска допрва, по 70 години слобода, ни го открива ждановизмот како вистинско решение за потребите на својата квислиншка поданичка државичка, реагира хравтскиот и македонски писател Алдо Климан.
Тој порачува министерката наместо да бара да се пишува „весела уметност“ да седне и веднаш да си напише оставка.
Еве ја целата објава на Климан на неговиот профил на Фејсбук:
ОСТАВКА ЗА НЕО-СТАЛИНИСТИЧКАТА ВЕШТЕРКА ВО XXI ВЕК!
Министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска допрва, по 70 години слобода, ни го открива ждановизмот како вистинско решение за потребите на својата квислиншка поданичка државичка, која не знае како да се справи со слободата на мислењето и со слободата на уметноста воопшто.
Предлага заевската вештерка уметноста да биде весела, ведра, шарена, за да ги разведрува луѓето, и да не нѐ враќа кон црнилата на минатото.
Е па, сталино-министерке, ждановизмот, тоа ваше неочекувано идиотско “откритие”, е едно од најцрните црнила на минатото и на длабокиот мрак на сталинизмот, со кој Македонија, примете на знаење! – во уметноста се справи уште пред седумдесетина години, во она време кога уметноста во Бугарија уште носеше советска рубашка, црни кожени кагебеовски јакни и пиштоли околу појасот, а Тодор Живков им беше највисокото мерило на демократските и уметничките слободи на тнр. диригирана уметност.
Толку за вас и за вашите “диригирани” идеи, за Протоколот, за ждановизмот и за сталино-заевизмот со кои “спектакуларно” ја одбележавте оваа година. Веднаш поднесете си оставка. Немате вие што да барате во културата, особено не како министерка.