Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата, соопшти денеска климатската опсерваторија на Европската унија, во момент кога на три континенти се регистрирани екстремно високи температури на воздухот.
„Првите 15 дена од јули беа најтоплите 15 дена досега… Овој месец е на пат да биде најтоплиот јули досега“, изјави за француски медиуми Карло Буонтемпо, директор на Службата за следење климатски промени Коперникус.