До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.

Прогноза за 21.07.2023

Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=10

Прогноза за 22.07.2023

Минимална температура: 14°C до 25°C
Максимална температура: 36°C до 43°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. UV=10

Прогноза за 23.07.2023

Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. UV=10