Поради климатските промени на европскиот континент би можела да се зголеми опасноста од појава на болести кои ги шират комарците и крлежите, предупредуваат инфектолозите.

Ширењето на комарците веќе предизвика појава на денга треската во Франција и Хрватска, маларија во Грција, западнонилска треска во неколку земји од Југоисточна Европа и вирусот чикунгуња во Италија и Франција.

– Средоземна Европа сега е делумно и трпски регион, каде тигрестиот комарец веќе се одомаќинил, изјави Џовани Реза, шеф на Одделот за заразни болести при Институтот за јавно здравје во Рим.

Реза заедно со професорот Јан Семеза од Европскиот центар за превенција и контрола на болести се автори на извештајот за можно ширење на такви болести низ континентот.

– Агенциите за јавно здравство мора да го зголемат надзорот, преку рано предупредување и зајакнување на свесноста од потенцијалните ризици меѓу здравствените работници и во пошироката јавноста, истакна Семенза.