Петнаестти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија. СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира Хирургија во целост. Наместо инвестирање во Хирургија СДС и ДУИ 7 години бркаа матни тендери во здравството, провизии од вакцини, трговија со терапија за рак, а пациенти добиваа физиолошки раствор, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Седум години здравството пропаѓа. Состојбата на Хирургија е последица на негрижата и криминалoт на СДС и ДУИ. Одговорност мора да има, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.