На хируршкото одделение во Клиничкиот центар во Штип синоќа е донесена млада девојка од Пехчево со прострелната рана од огнено оружје, каде што лекарите се бореле неколку часа за да го запрат крварењето.

Според информациите од хируршкото одделение во Штип состојбата на младата пехчевка не е животно загрозувачка.

Вчера во 18.45 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив била донесена С.Н.(20) од Пехчево со прострелна рана од пиштол во стомакот. Според информациите од полицијата, девојката ја ранил И.Н. (23) од Пехчево, а пукањето се случило во домот каде заедно живееле.

Девојката била препратена во Медицинскиот центар Штип, а И.Н. е приведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.