По 131 ден поминат на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа си замина дома.
-На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), екстремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама. Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом, велат од ГАК.
Од Клиниката додаваат дека малата Дуа, една од нивните најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добивала медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа.