Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по ремито со Брајтон (3:3) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата, рече дека неговиот тим не заслужи да победи и дека гостите чесно си го заработија бодот.
– Не знам колку пати сум рекол дека мора брзо да реагираме на она што се случува на теренот. Се чинеше дека Брајтон лета низ теренот. Повторно имавме одвратен почеток. Мора да го прифатиме ова реми и дека заслужуваме само бод. Ливерпул можеше да игра многу подобро дефанзивно. Кога еден натпревар почнува толку лошо, важно е да се борите и да ги исправите работите. Би било одлично да се победи. Сепак, секогаш сме имале проблеми со Брајтон, тие се добар тим, и со право освоија бод. Досега освоивме само 10 бода. Ова е реалноста. Можевме да победиме против Брајтон, но дали ја заслуживме оваа победа? Не сум сигурен, изјави Клоп за британските медиуми.
Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со 10 бодови од седум натпревари. „Црвените“ во следното коло ќе играат на гости против лидерот во Премиер лигата – Арсенал. Натпреварот ќе се одигра на 9 октомври.