Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше исклучително задоволен од победата над Саутемптон во 33. круг од Премиер лигата.

Германецот го нарече успехот „брилијантен“ и не пропушти да ја пофали лично ѕвездата на тимот, Мохамед Салах.

– Ова беше брилијантен успех. Игравме добро, организирано со висок пресинг, ја освојувавме топката. Двајцата централни дефанзивци од наша страна беа длабоко во нивната половина. Тие ни забележаа убав гол, но ние останавме мирни во натпреварот и се справивме многу добро. Постигнавме два прекрасни гола. Голот на Салах беше едноставно „вау“, рече Клоп.

Победата го искачи Ливерпул привремено на врвот на табелата со 2 поени предност пред шампионот Манчестер Сити, кој е со натпревар помалку.